По неколкуте случаи на лица  што исчезнуваа во Скопје или беа пронајдени мртви, од министерството за внатрешни работи се огласија со апел да не се пласираа шпекулации коишто создаваат непотребна паника меѓу граѓаните.

Како што соопоштуваат од МВР, целосно се невистинити информациите дека кај пронајдените тела имало вадење органи.

Во продолжение соопштениет на МВР, објавено на фејсбук.

Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните! Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста. Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% . Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста.За оние пак кои со очигледна намера ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите.

Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да…

Posted by Министерство за внатрешни работи on Thursday, February 21, 2019