Млада девојка утрово е пронајдена мртва во скопско Волково, јавуваат медиумите. Се уште нема информации во какви околности починала девојката, ниту, пак, дали на нејзиното тело има траги на насилство.

Полициски извори велат дека полициска екипа се упатила на терен за да изврши увид.

Од МВР официјално се уште нема потврда на оваа информација.