Двајца 20-годишни жители на скопско Шуто Оризари се уапсени откако, при обид да бидат сопрени од полициска патрола, се обиделе да избегаат по што со возилото излетале од патот.

Инцидентот се случил во текот на вчерашнито ден во близина на село Миравци, на автопатот Демир Капија – Неготино, кога патрола составена од полицајци од станицата Неготино и гранични полицајци од станицата Михајлово, забележале возило „Фиат браво“, управувано од И.Е., во кое се превезувале мигранти. Полициските службеници го стопирале возилото, но тоа наместо да застане,  ја зголемило брзината, по ѓшто во близина на ТЕЦ-Неготино, излетало од коловозот.

Возачот и совозачот, Ф.Р. (20), се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници се приведени. Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.