Ова што денеска ни се случува во односите со соседите e веќе видена работа, и е само продолжение на нивната политика која не е променета еден век. Добредојдовте во пет минуи посветени на нашите мили соседи од исток и од југ.
Протоколи, договори, негирања на македонското малцинство од страна на Грција и Бугарија.. Ако во денешно време Европската унија бара од нас да признаеме бугарското малцинство, тоа во 1924 година го направило Друштвото на народи кое е претходник на Обединетите нации.
Поточно, на седницата на Советот на Друштвото е потпишаан Протокол за заштита на малцинствата во Грција и Бугарија меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Христо Калфов и Николаос Политис. Како гарант дека договорот ќе се почитува бил тогашниот Генерален секретар на Друштвото на народите Ерик Дермонд. Како да речеме сега нешто да ти гарантира Урсула фон дер Лајен. Јака гаранцција, нели?
Бил потпишан и т.н мал протокол за иселување на македонското население од Егејска Македонија. Но, во тие протоколи никаде не се споменувало македонското население туку словенско. За Бугарија се разбира дека тоа население било бугарско. Со овој договор меѓу Грција и Бугарија била формирана и комисија. Ви звучи познато? Слично на сегашната историска комисија која благодарение на Бујар Османи ни стана услов во преговорите со ЕУ. Овој протокол никогаш не бил ратификуван од страна на грчката влада бидејќи се сметало дека е мешање во грчките внатрешни работи.
Пред сто години, под притисок на телата на Друштвото на народите, Грција морала да издаде и Абецедар наменет за македонскто малциство во северниот дел на земјтата кои биле факт што не може да го избегнат или да се прават дека не го гледаат. Абецедарот е објавен во Атина во 1925 година, на латиница, а како основа го имал битолско-леринскиот говор.
Сепак овој Абецедар или по нашки буквар, никогаш не стигнал до оние за кои бил наменет а тоа се учениците Македонци во градовите и селата во Грција. Во тоа време веќе стивнал и притисокот до грчките власти за образование на Македонците на мајчин јазик. Од оргиналниот Абецедар се останати само неколку примероци.
Навистина не знам кој повеќе ни посакува лошо, дали Грција или Бугарија. Конкуренцијата е голема. Грција само навидум е мирна бидејќи си ја има Бугарија во ЕУ да ја завршува нивната работа. А дека оската Софија-Атина кога се работи за Македонија функционира совршено покажа и случајот со пренесувањето на коските на Цар Самоил. Грците како познати трговци на Бугарите по се изгледа им увалиле лажен цар. Ќе може да го викаат фалц Самоил. Но, затоа пак си добија икони и реликвии од Охридската архиепископија и од цркви и манастири од Северна Грција каде живееле Македонци. Убав пазар нема што….
Еве како што Бугарија се договори со Грција нека се доовори и со Македонија. Во знак на добрососедство нека се договори да ни ги врати сите реликвии и артефакти кои ги зеле во времето кога беа…администратори. Списокот е долг..
Највредната реликвија која бугарските администратори ја имаат украдена е златната митра на Св.Климент која не може да се пресмета колку вреди, исто како и Жезолот на свети Климент. Одиме понатаму. Од манастирот Бугарите однеле во Софија сребрена кутија, две евангелија, чаша за причест како и златна плаштеница.
Сево ова било однесено во Бугарија на чување. Еве ако ги дочувале сега нека ги вратат таму каде што им е местото, Само така ќе покажат европско однесување и добрососедски односи.Но, ова е малку веројатно и затоа држава со вакви соседи треба да се плаши за својата иднина.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.