Санкционирани се 46 моторџии и изречени се им мандатни казни во акциската контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај синоќа од 20 часот до еден часот по полноќ на подрачјето на Скопје.
Во акциската контрола се откриени и 26 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Comments are closed for this post.