Момче било прободено со нож во саботата во дискотека во Марино, по што со тешки повреди се бори за живот, обајви неговиот татко на фејсбук.
Како што пишува таткото, по несреќата, од очевидци на случувањето, како извршители на нападот биле посочени две деца, од кои едното син на поранешниот градоначалник на Петровец и сегашен висок функционер во МВР, Ѕвонко Цветковски, но подоцна имало обид таквите изјави на сведоците да бидат променети.
Затоа, таткото апелира и бара да бидат казнети вистинските сторители за да не се воспоставци пракса лица блиски до структурите на МВР и на власта да можат неказнето да извршуваат кривични дела.
Posted by Goce Filipovski on Sunday, March 24, 2019
Comments are closed for this post.