Заглавени во сопствената безидејност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили спроведуваат ниска и неморална кампања. Злоупотребуват приватност, ги вмешуваат децата и семејствата на политичари, рече денес на прес-конференција Александар Димитријевиќ од социјалдемократскјата младина на Македонија (СДММ).

„Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на  Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотогорафии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата. Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија.

СДСМ најостро го осудува овој срамен и неморален потег на УМС, на Јаулески и на Христијан Мицкоски“, истакна Димитријевиќ.

Тој додаде дека СДММ осудува секаков обид децата и членовите од потесното семејство да се злоупотребуваат во дневнополитички цели, во измислени контексти кои немаат врска со реалноста.

„Семејството има посебна важност и не смее да биде користено во партиската и политичка комуникација.

Во оваа насока СДММ го осудува и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели.

Оваа мизерна кампања на УМС и Мицкоски треба да престане. Тоа што немаат идеја, немаат програма ниту став за важните прашања не е изговор. Ваквата ниска и неморална пракса која многу потсетува на манирите на режимските кампањи на Никола Груевски не носи добро никому, ниту буди поттик или позитивни промени за младите.

Напротив, таквото неморално дејствување на УМС е со цел да создава раздор, конфликт, омраза и ја вмешува политиката таму каде што не и е местото.

Очигледно ништо не се променило, за Христијан Мицкоски, УМС и ВМРО-ДПМНЕ нема никакви морални бариери ниту вредности. Младите, граѓаните јасно можат да го видат тоа“, истакна Димитројевиќ.

Подолу е објавеното видео на кое реагираа од СДММ: