Едно момче и една девојка се тешко повредени кога во нив удрил џип кај Млечниот ресторан во Капиштец.

Според информации од случајни минувачи, сообраќајната несреќа се случила кога џипот со тетовски таблички свртел во спротивна насока на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по што дошло до судирот.

Фото: независен.мк

Од падот по ударот, момчето и девојката се здобиле со повреди поради што биле префрлени во Клиничкиот центар.

Полицијата изврши увид и ги утврдува причините за сообраќајката.