Продолжува незаконското раскопување и сечење шума на Водно, алармираат активистите од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“. Откако за време на празникот 11 Октомври се реактивираа активностите на градежната механизација, тие денеска повторно стражареа, застанува пред машинеријата и на секој можен начин се обидуваа да го сопрат копањето низ Парк-шумата.

Активистите бараат итно запирање на градежните активности за гасоводната делница, коишто, како што истакнуваат од иницијативата, се изведуваат со голем број непраилности.

Oд базични означувања на градилиште, потребна документација, услови, соодветен надзор, па се’ до немање официјален документ за изменета траса и одобрение за градење по таа траса.
Како и немање на Решение за сеча за ваква изменета траса. 
Инспекцијата е комплетно нефункционална и натаму си ги префрлаат надлежностите. Покрај нашите доставени претставки изминатиот период, како и денешната претставка, никој не е санкциониран и понатаму се работи на диво.

Активистите испраќаат барање до институциите да профункционира и да се стави крај на непочитување на прописите и законите и итно да се отстрани механизацијата од сртот на Водно.