Во периодот од декември минатата година, па до сега, вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи ниту еднаш немал лична средба со советникот на премиерот Љупчо Зафировски“.

Ова е одговорот на вицепремиерот Османи на писменото прашање доставено од пратеникот Антонио Милошоски според Законот за слободен пристап до информации.

Одговорот на вицепремиерот, Милошоски го прочита по добиените одговори на премиерот Заев на дополнителните прашања поврзани со Зафировски, кого го претставуваат како специјален советник за кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Дали не се работи за квазисоветник, што е срамота за македонската држава и навреда за пријателска Франција.Посебно е чудно што овој советник за кој не знаеме што точно работи и прима хонорар од 1200, нема трансакциска сметка во Македонија и хонорарот го добива во Србија, праша Милошоски.