Јас лично сум познат како човек што сака да испровоцира, еве да ги испровоцираме институциите, меѓутоа во исто време да ги испровоцираме и граѓаните, да ставиме малку сите ред“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, коментирајќи ја вчерашна акција пред Сити Мол во која тој се стави во улога на сообраќаен полицаец.

Шилегов потврди дека ќе продолжи и во иднина со ваквата практика во дадени ситуации сè со цел да даде поинаков пример од тоа што сме го имале до сега. Конкретно, пред Сити Мол има нов режим на сообраќај и едноставно, рече градскиот татко, тоа ќе мора да се почитува.

Градоначаликот на Скопје вчера на својот фејсбук профил постави видео на кое се гледа како им кажува на возачите каде и како да возат, со оглед на тоа дека на една од најфрекфентните улици во Скопје, Љубљанска се врши реконструкција што создава невидени гужви во тој дел на градот.