Mихаела Довичинска во трогателно обраќање на Фејсбук раскажува како ја загубила својата 41 годишна мајка.  Таа објаснува дека ја загубила мајка си поради неажурноста на здравстото на Филипче за кое тој вели дека “се е под контрола“.

Михаела од лекарите не можела да добие никаква информација за состојбата на мајка си ниту пак некој и кажал дали е жива или почината.

И после ова господине Венко Филипче, мене ми е совршено јасно зошто последните зборови на мајка ми беа дека е преморена. Јасно Ви е и Вам. Јасно ни е на сите. Мајка ми нема да ја вратиме НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, на мајка ми никогаш повеќе нема да и биде потребен кислород, мајка ми повеќе НИКОГАШ НЕМА ДА МОЛИ ЗА ШАНСА ДА ВДИШЕ И ШАНСА ДА ЖИВЕЕ. Но, има други мајки, татковци, дедовци и баби кои ќе имаат потреба неуспешните обиди на мајка ми да се претворат во успешни-пишува Михаела