Сведоците на последното рочиште за настаните од 27 април беа едногласни за тоа што се случуваше на седницата во 2017 година.

Тие го уверуваа судијата Илија Трпков дека настапот на пратеникот од Беса Зекирија Ибраими не бил договорен туку Трајко Вељаноски како претседавач морал да му даде збор бидејќи бил заменик координатор.

Вељаноски никако не можел да знае што Ибраими ќе говори а во никој случај дека тој ќе ја пее химната на Албанија.

Влатко Ѓорчев Собрание

Ибраими беше пријавен и Вељаноски беше обврзан да му даде збор за процедурална интервенција. Претседавачот во никој случај не можел да знае која ќе биде содржината на процедуралното обраќање-објасни поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

И самиот Ибраими призна дека бил пријавен за процедурално и оти пеењето на албанската химна било негов личен избор испровоциран од пеењето на албанската химна од страна на пратеникот Крсто Мукоски.

Судењето продолжува денеска, но според досега изведените докази и сведоци, Обвинителството тешко ќе може да го докаже делото за кое се теретат обвинетите и оти обвиненитето стои на стаклени нозе.