Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека за него секоја лидерска средба е прифатлива на која што ќе се разговара и договори датум за предвремени парламентарни избори, меѓутоа меѓу другото ќе се разговара и за останатите отворени теми, меѓу кои ќе биде и Законот за Јавно обвинителсто.

Минатата недела пропадна обидот на премиерот Заев за средба со лидерите на трите најголеми партии. Како што кажа премиерот Зоран Заев, на лидерската средба требаше да се разговара за Законот за Јавно обвинителство.

Опозицијата тогаш остана на ставот дека доколку има некаква лидерска средба, на таа лидерска средба да се разговара и за датум за предвремени парламентарни избори.