Вчера народот му го испорача одговорот на Стево Пендаровски и Зоран Заев, онаа слика и полупразните улици каде што требаше да говори Пендаровски и Заев е вистинската порака што ќе се случува на 21 април, а потоа и на 5-ти мај. Ги очекува пораз како никогаш досега, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Гевгелија.
„Она што е пострашно се нивните лаги и манипулации кои продолжуваат, оваа мала група на измамници продолжува да манипулира со граѓаните во Република Македонија, па така вчера Заев изјави дека бил бетониран идентитетот, не само што бил туку тој бил и зајакнат со арматура и таа порака ми ја пренесе мене да сум знаел, не можам да не го коментирам ова. Истиот тој Заев не така одамна заедно со она негово ново другарче пред зградата која треба да биде симбол за идентитетот, пред зградата на Влада не ја построи македонската гарда, не го донесе воениот оркестар да ја интонира македонската химна, се срамуваше да слушне дека „денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“. Истиот тој Заев додека ме гледаше во очи и на моето прашање на кој јазик зборуваат луѓето од Северна Грција, а е различен од грчкиот се потеше, се срамеше, се препелкаше, му беше срам да изусти дека тоа се Македонци кои што говорат македонски јазик, пеат македонски песни, македонскиот премиер се откажа од македонското малцинство во соседните земји“, вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.