Предизборните каравани продолжуваат.  Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски денеска на средби со граѓаните на Врапчиште, Маврово-Ростуша, Центар Жупа, Дебар и Кичево, како и на митинг во Гостивар во 20 часот.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова на митинзи во општините Аеродром во 18:30 и во Гази Баба во 20:30 часот.

Тројцата кандидати во трката за претседателски избори вечера од митинзите упатија силни пораки, очигледни се огромните разлики во концептите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но заедничко е, а тоа го потврди и Блерим Река, што сите повикуваат на масовен одзив на гласањето.