Што се однесува до судството и до начинот како функционира и судството иобвинителството доволни се бројките кои што излегуваат на јавните мерења во последно време. И таа бројка е едноцифрена. Ние кога зборувавме пред две години дека корупцијата, криминалот, нефункционалното судство, се основниот проблем на државата, тогаш нас не убедуваа за жал дека ние практично го политизираме и дека се бориме за гола власт.
Не, ние алармиравме дека тоа може да биде причина за многу проблеми кои што понатаму ќе се случуваат во Македонија како што и објективно се случуваат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата на МТВ.
Тој додаде дека македонското општество, граѓаните во Македонија, самите даваат дијагноза на главниот проблем суштински, а тоа е нефункционирањето на обвинителството и судството.
„Вие имате луѓе кои што директно од партиски штабови се избираат, како што е последниот случај за претседателката на Судскиот совет, која што, ако не се лажам директно од штабот на СДСМ е поставена за претседател на Судскиот совет“, рече Мицкоски.
Мицкоски за пример како од партиски штабови се избираат луѓе за правосудни органи ја посочи и претседателката на Академијата за избор на судии и јавни обвинители, која што е од семејство на функционери на СДСМ и се дел од оваа Влада или биле функционери на СДСМ и се дел од оваа Влада.
Да не зборуваме за другите, како оној во обвинителството на организиран криминал, да не зборуваме за изборот на уставните судии“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека јасно е кому овие партизирани судии и обвинители слугуваат. А, тоа е на коалицијата на власт. Поради сето ова што се случува во Македонија, граѓаните се разочаруваат и си заминуваат од земјава.
„Ова е уште една од причините поради да идеме на предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.