Судијата Огнен Ставрев и вештакот Мирослав Грчев се во кумовски врски, дознава „А1.он.

Двајцата со своја улога во предметот ТНТ за уривањето на објектот „Космос“. Кумовските врски станале официјални еден месец откако Ставрев изрече затворски казни во предметот ТНТ. Грчев го изработи клучното вештачење со кое се докажуваше дека објектот „Космос“ не е дивоградба и со кое се побија 36 судски пресуди.

Ставрев го прифати вештачењето како релевантно и го ценеше во пресудата иако имаше низа забелешки од обвинетите, меѓу кои и дека Грчев е пристрасен бидејќи претходно работел вештачења за оштетените Цаноски.

Блиските релации ги потврдува и судијата Ставрев за „А1он“ по што се правда дека немало зошто да се изземе. Toj го оценува вештакот, кој му е кумашин, како професионалец.

Целиот текст на „А1.он“