Одговорност ќе има, ви велам ќе има без оглед на името и презимето, кој е и од каде доаѓа. А народот веќе ја зема судбината во свои раце и знае како треба.Ова се последните крици на исплашените, на престапниците и криминалците. Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене е борба за спас на Македонија – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред насобраната толпа на денешниот протест кој се одржува пред Обвинителството и судот.

И ќе се изнаслушате разно разни приказни и невистини, кои се чисто алиби за поразот и утеха на исплашените, па ќе лажат дека еве странците ги сакале, ама не кажуваат дека странците не сакаат криминалци како нив, ќе кажуваат пред нивните членови дека ќе загубеле ама тие ќе формирале влада, и што уште не. Алиби, чисто алиби. Добро знаат дека Заев сега е на колена и од виткањето на кичма на државата е со најсвиткана кичма во СДСМ, и се што кажа во последните две години погреши, па така и тоа дека немало да има предвремени избори кои еве ги на прагот, а народот на нив ќе го има главниот збор – рече Мицкоски.