Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше  во кавадаречкото населено место Марена на средба со лозарите. Тој вели дека состојбата е катастрофална, лозарите се незадоволни бидејќи се чуствуваат измамени и излажани од владата.

Ветените субвенции се прениски и никако до стасаат до крајните и вистински корисници. Ветениот стимул за лозарите кој го ветуваа пред избори сеуште не е исплатен. Состојбата на терен, по македонските ниви е сосема поинаква од онаа која власта ја сугерира од климатизираните и удобни канцеларии. Дополнително власта се заканува на секој незадоволен лозар, вршат притисоци и закани што само ја докажува нивната немоќ, и фактот дека власта одлепена од народот паѓа. Потребно е владата да се ангажира и со итни дополнителни мерки да им се помогне на лозарите. ВМРО-ДПМНЕ останува со земјоделците, ги поддржуваме нивните барања и ја разбираме нивната мака. Потребни се промени кои ќе донесат сигурност и иднина за лозарите и секој еден земјоделец-напиша Мицкоски на Фејсбук