Не верувам дека Бугарија ќе ја блокира Македонија во европскиот интегративен процес и повикува тоа да не се случи, вели на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Сепак побара лидерска средба на релевантните политички партии за преговорите што се водат со источниот сосед, бидејќи овие прашања не се решаваат преку телефон.

Освен за Бугарија, лидерски средби треба да има и за попис, платформата за образованието, лошата економска состојба односно прашања кои се однесуваат на иднината на граѓаните.