„Изминатите два дена овде во Брисел имавме исклучително значајни и корисни средби за ВМРО-ДПМНЕ но и за Република Македонија, бидејќи практично ги запознавме нашите соговорници за вистинската и реалната ситуација во Република Македонија, за она кое што е вистинска реалност за Република Македонија но и за сите граѓани на Република Македонија“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој, потпретседателот на партијата Александар Николоски и кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска изминатите два дена беа во Брисел.

„Исто така соговорниците ги запознав за периодот кој што следува за претседателските избори кои што се пред нас, еве на нешто помалку од еден месец  на денот на гласање ги запознав со нашата стратегија, со сето она кое што го спроведуваме на терен, но и за кампањата која што практично  ќе започне официјално од 1 април. Професорката Гордана Силјаноска Давкова исто така имаше можност да се запознае со голем број претседатели и европратеници од редовите на Европската Народна партија да ги запознае со нејзините гледишта, со програмата која што ќе ја презентира пред граѓаните во Република Македонија како иден претседател на Република Македонија и за сето она кое што претставува нели визија како понатаму треба нашата држава да се развива.“, рече Мицкоски.

Тој додадека дека зборувале за отсуство на реформите во здравството, во образованието и сето она кое што претставува практично неуспех на владата на Зоран Заев и СДСМ во Република Македонија.

Разговаравме и за политичкиот прогон, отсуството на реформи во Република Македонија, но и разговаравме и за ветувањето кое што претседателот на владата, господинот Зоран Заев го даде, дека доколку изгуби неговиот кандидат на претседателските избори таму некаде на есен ќе распише предвремени парламентарни избори.  Го држиме за збор господинот Зоран Заев, бидејќи сигурно веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска ќе победат на претседателските избори, а со тоа ќе се исполни единствениот услов кој што себеси си го постави Зоран Заев, а тоа е доколку ги изгуби претседателските избори да распише предвремени парламентарни избори таму на есен.