Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека протоколот со кој Македонија ќе треба да исполнува бугарски желби, ја отвора вратата за преговори за Албанија, но не и за нашата држава. Според него, тој е дипломатски нокаут и капитулација. Тој посочи дека за почеток на преговорите ќе треба промена на Устав и вметнување на Бугарите, а тоа нема да се дозволи од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова, Мицкоски смета дека ќе може да се промени преговарачката рамка, пред да биде усовена.

-Како дипломатски нокаут и капитулација. Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија, а ја подзатвори за Македонија. Како што Генчовска кажа, вистинската Меѓувладина конференција нема да се одржи сега, туку со промена на Уставот. А дека тоа нема да се случи гарант е ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нема 2/3 власта во Парламентот. Генчовска даде пример дека не го признава македонскиот јазик, дали ние ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик. Генчовска бара Бугарите да бидат во Уставот, а бара ние да се откажеме од Македонците во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет? Можам и други примери да дадам. Но во суштина зборуваме за дипломатски нокаут за Македонија. Има европска иднина за граѓаните на Албанија, не за граѓаните на Македонија“, кажа Мицкоски.

Тој тврди дека ќе останат на барањето да се промени Преговарачката рамка.