Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, членот на ИК и секретар за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и претседателката на комисијата за надворешни работи Христина Рунчева-Тасев присуствувм на дводневниот самит на Европската народна партија (ЕПП) кој денеска и утре се одржува во Загреб, Хрватска.

Во рамки на Самитот, делегацијата предводена од Мицкоски оствари повеќе билатерални средби со европски лидери чии партии се дел од ЕПП, меѓу кои и со претседателот на Европската комисија и иден претседател на Европската народна партија, Доналд Туск.

Мицкоки на средбата изразил загриженост за состојбите во Република Македонија, недостигот на правда, зависниот и корумпиран правосуден систем, како и растечката сиромаштија.

Побарав поддршка за Република Македонија на планот на Европските интеграции. Туск, како пријател на нашата земја, изрази подготвеност да помогне на патот кон Европската Унија и градење на продлабочено партнерство и соработка со ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската народа партија. Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите потенцијали и пријателства да се одблокира европскиот пат и да се спроведат реформи кои ќе донесат стандарди, подобар живот и обнова која им е потребна на граѓаните, соопшти Мицкоски по средбата.