Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе излезе во текот на денешниот ден со прецизен план за ублажување на последиците од енергетската криза. Овој план ќе биде предложен на бизнисот и стопанските комори. Ваквиот чекор доаѓа откако по повеќемесечно апелирање Владата да излезе со прецизен план кој ќе значи обезбедување на доволни количини на ефтин гас, мазут, како и топлинска енергија потребна за ТеТо, владата не покажа никаков план и се задолжува дополнително, додека земјите од регионот веќе ги обезбедуваат потребните количини на енергенси.
Планот на Мицкоски обезбедува доволни количини на енергенси за државата преку заштеда на граѓаните која може да биде до 300 милиони евра, што ќе значи и зачувување на работни места и спречување на дополнителна инфлација. Ова е прв ваков пример во нашата досегашна пракса лидер на опозиција да нуди обемен план за излез и ублажување на последиците од кризата.
Денес во 11 часот Мицкоски ќе го образложи својот план пред Сојузот на стопански комори. Потоа ќе следат изјави за медиуми.
Comments are closed for this post.