Отпорот или омразата како што Бугарите ја нарекуваат има причина и не може само Македонците да се виновни за тоа, бидејќи не се чувствуваат Бугари, се вели во реакцијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во врска со настаните од фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија.

Во продолжение целата објава на профилот на Груевски на Фејсбук:

-Секој паметен политичар после четири национални катастрофи, како што нивните историчари ги нарекуваат двете балкански и двете светски војни за Бугарија во кои во сите тие Бугарија влезе заради Македонија, би се запрашал дали нешто е погрешно кај нив можеби по однос на македонското прашање и политиките на Бугарија кон Македонија.

И дали истата политика кон Македонија ги носи и кон петта национална катастрофа по која трајно или на многу долг рок ќе ги загубат Македонците колку и ова малтретирање да трае долго до влезот на Македонија во ЕУ?

Отпорот или омразата како што тие ја нарекуваат има причина. Не  може само Македонците да се виновни за тоа, бидејќи не се чуствуваат Бугари.

Бугарија треба објективно, непристрасно и со аналитичари и политичари со „ладна глава“ да го преиспита своето учество во таа причина. Колку и да е политички неопортуно тоа во моментот за политичарите кај нашиот источен сосед, потребно е наместо примена на сила преку механизмите на ЕУ да применат повеќе мудрост и човечност.