Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР), Мас доаѓа во возвратна посета на Македонија по јунската средба со министерот Димитров во Берлин.

Од МНР додаваат дека посетата на германскиот Шеф на дипломатијата, преставува дополнителна потврда на активната и недвосмислена поддршка од СР Германија во насока на остварување на нашите стратешки цели – полноправно членство во ЕУ и НАТО.

На средбите, министрите Димитров и Мас треба да разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, реформската ЕУ и НАТО агенда, регионалната соработка, како и за подготвителните активности поврзани за успешна реализација на референдумот на 30 септември.