Архивите на весниците откриваат дека САД имале сосема спротивен став околу исполнувањето на условите за Македонија за членство во НАТО.

Тогашниот секретар за одбрана Доналд Расфилд, кој се сретна со тогашниот премиер Владо Бучковски нагласуваше дека пристапувањето на нашата земја во Алијансата зависи од импемантацијата на Рамковниот договор.

14 години подоцна сегашниот секретар Џејмс Матис пак нагласува дека патот на Македонија во НАТО води преку Договорот од Преспа и решение на спорот за името со Грција.

Граѓаните се пред најважната одлука во историјата, договорот од  Преспа е тежок компромис, но ја отвора врата на масата на НАТО алијансата за земјава – истакна вчера  првиот човек на Пентагон, Џејмс Матис.