На 27 септември ќе почне подготвителниот период за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.

Вицепремиерот и шеф на делегацијата на Македонија за преговори со ЕУ Бујар Османи, објави дека ќе ја предводи македонската делегација во Брисел која на 27 септември ќе го започне скринингот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права.

Во делегацијата, која ќе брои четириесетина лица од повеќе институции, ќе биде и министерката за правда, Рената Дескоска.

Скринингот на сите поглавја треба да биде заокружен до јуни 2019 година.

Владата објави и јавен повик за пријавување на надворешни експерти за процесот на преговори. Како што обајсни, Бојан Маричиќ, главниот технички преговарач и шеф на преговарачкиот тим, целта е да се направи база на експерти од сите области. Маричиќ нагласи и дека тоа нема да значи исклучување на граѓанското општество од процесот на преговори.