Италијанските пожарникари гасејќи пожар во угостителски објект во близината на Кротоне, пронашле мртов маж кој што подоцна било утврдено дека е 49-годишен македонски државјанин, објави италијанскиот  портал „Зум 24“.

Најверојатно македонскиот државјанин бил вработен како чувар во ресторанот. На лице место пристигнале и полицијата, а екипата од брза помош можела само да констатира смрт на 49-годишното лице, кој бил познат под името Антонио.