Власта и опозицијата водат интензивни преговори за законот за јавно обвинителство во кој главна пречка е идниот статус на СЈО. За овој закон е потребно двотретинско мнозинство кое власта го нема и затоа во тек се преговори со партиите од опозицијата.

Најконкретни досега се од Беса од каде велат дека сакаат СЈО да продолжи како независна институција.Oттаму велат дека целта е да се јакне капацитетот на СЈО.

Не верувам дека ако СЈО досега не ги исполни сите очекувања кога тоа не беше само независно,  не гледам  како ќе биде независно во рамки на Јавното обвинителство.Знаеме зошто се формираше СЈО-зошто не функционираше Јавното обвинителство-вели Зендели.

Пратеникот од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Зекир Рамчиловиќ нагласи дека на вчерашната средба со лидерот Христијан Мицкоски не навлегле во конкретни разговори за отворените прашања, но оти имаат јасен став околу преговорите кои се водат за Законот за јавно обвинителство.

Стоиме на ставот дека за ваков закон кој е донесен од најголемите политички партии навистина е потребен консензуз и верувам дека можеме да изнајднеме и оти до толку имаме државотворен капацитет за најважните прашања да успееме да се договориме – објасни пратеникот.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев не верува дека се пропаднати разговорите за Законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО со најголемата парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека низ разговори може да се дојде до решение зад кое би застанале сите и дека до крајот на месецов може да се затвори ова прашање.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски пак смета дека премиерот  и министерката Рената ТДескоска признале дека не се работи за злоупотреби од страна на опозицијата, туку напротив, за нивна злоупотреба од позиција на моќ кон носење на закон кој што не доликува на европска држава и закон врз кој што би се градело обвинителство во служба на извршната власт.

Овој закон мора да биде донесен со консензус со опозицијата и за него е невозможна трговија ниту пак откажување од било кој од трите наведени принципи“, потенцираше Стоилковски.