Водителката Лила Филиповска денеска повеќе од еден час беше на распит во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со итрагата за случајот „Рекет“.

Од Обвинителтвото за МИА велат дека Филиповска била повикана да даде потребни известувања.

Таа на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Според неофицијалните информации, Обвинителството за организиран криминал испитува дали позајмиците, што Филиповска му ги давала на Боки 13 имаат потекло од земениот „Рекет“, кој нејзиниот добар пријател го изнудил од бизнисменот Орце Камчев. Станува збор за илјадници евра и притоа ќе се проверува дали тие се нејзини и доколку се нејзини како биле стекнатио и од каде потекнуваат.

Водителката Лила Филиповска беше во автомобилот на Боки 13 кога полицијата го приведе на граничниот премин „Богородица“. А, во текстовите објавувани за „Рекет“ се препознаваше како Лики.