Западот грубо се меша во внатрешните работи на Скопје бидејќи му се брза Договорот од Преспа да се реализира во почетоокот на 2019, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој во интервју за грчкиот весник „Ефимерида“ потенцира дека граѓаните биле повикувани да гласаат на референдумот на 30 септември и открива дека странски диломати учествувале во уцени и подмитувања на пратеници за поддршка на уставните амандмани.
Во тек е најгрубо систематско мешање на Америка и ЕУ во внатрешните работи на Македонија. Граѓаните секојдневно беа повикувани на референдумот одржан на 30 септември да гласаат за усвојување на Преспанскиот договор, но тоа не им успеа. Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација, во Собранието на 19-ти октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму. Сега се прават интензивни напори за процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019 година. Вреди да се спомене фактот дека ваквото брзање ѝ служи на единствената цел на Вашингтон за итно вклучување на Скопје во НАТО, вели Лавров.
Според него договорот од Преспа не е гаранција за членство во ЕУ бидејќи како што вели преговорите можат да траат со децении.
Упорно ги ставаат земјите пред една погрешна дилема: да бидат или со Москва, или со Вашингтон и Брисел. Таквите постапки водат кон дополнителна дестабилизација на безбедносната архитектура на Европа, ја зголемуваат тензијата, исцртуваат нови линии на поделба, потенцира Лавров.
Comments are closed for this post.