На денешната расправа за уставните измени, професорот Светомир Шкариќ излезе со предлог како да се надмине фактот што претседателот на државата одбива да го потпише указот на Договорот од Преспа за тој да може да стапи во сила.

Предлагам Договорот да се смести во посебен амадман во Уставот. Во амадманот 37 договорот да биде составен дел од Уставот и со тоа договорот да се конституира. Со ова на елегантен начин ќе се надмине претседателот на државата и Собранието – објаснува професорот