Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска беше пречекан со погрешно знаме на официјалната церемонија на дочекот пред Владaта.

Место австриско, на јарболот до Курц имаше латвиско знаме.Латвиско знаменце беше поставено и на автомобилот со кој се превезуваше австрискиот канцелар.

Знамињата на двете земји се слични, црвено со бела лента на средина, со тоа што австриското е поделено на три еднакви делови, а во латвиското белата лента е потесна.

Грешката била забележана од австриските новинари.