Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц ги повика граѓаните на Македонија да излезат на референдумот, со што би се трасирал патот кон НАТО.

„Австрија е пријател на регионот а заедно со Македонија имаме силно човечко пријателство и историја. За Македонија со решението на спорот со името се дојде до динамика за државата. Би сакал што повеќе луѓе да учествуваат на овој референдум, да се изјавнат „за“ на референдумот. Не е мое да ја направам одлуката, но како пријател на Македонија ние ќе сметаме дека би било позитивно ако има големо учесво на референдумот“, соопшти Курц.