Холивудски сцени можат да се видат на улиците на Солун за време на 83.Меѓународен саем, пишуваат грчки медиуми. Според Ефемерида, ангажирани се и агенти на ФБИ, снајперисти, хеликоптери, дронови, специјални возила и оружје како и 5.500 полицајци. Следејќи ги безбедносните мерки, премиерот Алексис Ципрас дошол во Солун во глуво доба, за да се избегнат евентуални безредија.

Бидејќи годинава на Саемот посебно место им се дава на САД, затоа во обезбедувањето има и припадници на ФБИ и на ЦИА. Тоа е една од причините за ваквото масовно обезбедување.

Втората причина е Преспанскиот договор и најавените демонстрации во Солун на противниците на тој договор.