Кривичниот суд до Собранието доставил иницијатива за разрешување на претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Александар Даштевски. Иницијативата била доставена пред три дена, а како причина во неа се наведува нестручно и несовесно работење на Даштевски. Повод е одлуката на Комисијата дека судот ја дискриминирал поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во судскиот процес “Тенк” кој се води против неа. Комисијата го известила судот дека утврдила дискриминација на Јанкуловска од страна на судијката Добрила Кацарска.
Од Кривичен велат дека Комисијата не може да утврдува дискриминација од страна на судија и дека одлуката требало да се достави до судскиот совет.
Comments are closed for this post.