Смртта на првиот биограф и близок соработник на Гоце Делчев, Пејо Јаворов, е посебна приказна, која, да имавме малку ум, ќе претставуваше инспирација за десетици и десетици современи поети и писатели.
Јаворов бил смртно вљубен и оженет со поетесата Лора Каравелова (но, наспроти тоа, дента кога се венчале, ни неполн час по церемонијата, заминал во својата соба, но не на првата брачна ноќ, туку ја облекол четничката униформа и тргнал за Македонија затоа што четатата таа вечер тргнувала, оставајќи ја една од најубавите жени во Бугарија). Приказната почнува со „мил мој, единствен…“ и „те бакнувам илјадапати“, но завршува трагично.







Comments are closed for this post.