Kaлиспера апотин Фурка. Специјален поздрав до најпознатите гости во ова монденско летувалиште кај јужниот сосед kýrios Zoran i kyría Zorica apó to Murtino.

Замислете ја овааа ситуација. Спарна авуствска мечер во Фурка. Откако цел ден се шлапкале на јахтата, на Зоки му стига порака да одат на вечера кај господин Маргаритис грчки комесар во ЕУ. Зоки ја прашува Зорка, а мури Зорке ќе одиме ли покани ни не човеко кај него у вилата, сигурно сме многу битни. А Зорка да не му го скрши мерако му вика ќе одиме бе мажу. Да се дотерам ли? Еми дотерај се Зорке ко за при свет, ја предупредува Зоки, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Дотерани двајцата стигнуваат во вилата. Кога таму што ќе видат све мој до мојега и тоа од партијата на Мицотакис. Аама Зоки нема проблем дали е Киријакос или другар му Алексис, тој е дил ориентед. Почнала вечерата кога Зоки и Зорка што ќе видат, се носат грчки вина, лигњи и школки. Море паднала и песна, а за музиката била задолжена лично Зорица Заева која на домаќините им пееla песни од Антонис Ремос, кој и бил омилен од младоста, оти во Стрмумица само грчка музика се слушала на времето.

A да ја пратиме Зорица на Евровизија. Па што, какви пееле до сега. Евросонг оваа година се одржува во Бугарија, а со нив Зоки е вака. Тој со Бугарите се договори за нашиот јазик и историја па една Евровизија. Само да не им текне.,

Kaде е песната таму е и шегата, а Зоки наш е познат шегобијец. Во стилот на селски итрец им предложил седница на владата да се одржи во Касандара оти сите негови министри биле на Халкидики на одмор,а седницата на Парламетот во Солун. Убаво им кажал, и така Солун е наш а Касандра ќе ја делиме.

Мислите дека ова е сцена од некој лош филм, За жал е реалност која се случила пред седум години во време кога Неа Демократија на Мицотакис само што дојде на власт и сакале да му го видат паметот на Заев па го пикнале во некоја вила , го најале и напоиле и гарант го снимале. Кој знае што има лупнато друго. Зошто мислите дека Заев се шегувал дека сака владината седница да е на Касандра. Таков си е тој, бизнис и плежр. Лубеници и флертување. Остров во замена за ќерката. Лигњи во замена за Македонија.

Минатата епизода предупредивме дека понеделник брзо ќе дојде за министрите од ВМРО кои оделата и патувањата низ светот им станаа помисли од народот. Епа дојде дојде нивнииот понеделик и тој се вика реконстукција на Владата. Видовте дека не се исплати да мислите дека сте побитни од обичниот човек, од оној што ве донел на власт. Оние кои гледаа од високо и беа што се вика од големото добро утро се разрешени и на нивно место доаѓаат други, свежи кадри. Така е тоа, ароганција никогаш не се исплаќа на долг рок. Но, и овие што ќе дојдат нека не мислат дека фотељата е вечна. Ништо не е вечно, вечен е само народот, кој дава и зема власт.

Бугарија за Гоце Делчев успеа да се скара и со Грција. Бугарска работа. Плочата што ја поставија во Баница на која напишаа дека е бугарски револуционер и војвода е тргната од страна на грчки националистички групи. Бугариве мислат дека oва е Заев па ќе бришат споменици и ќе брусат шахти во туѓа држава. За да не остане покус се јави и бугарскиот пратеник во Македонија Венко Филипчев. На Венко му сметало што споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Скопје бил поставен покрај Камениот мост а не пред Собранието. Да си пукнеш. Партијата која договори заедничка историја со Бугарија и е спремна да се договара за Гоце Делчев и сметало каде бил поставен неговиот споменик.

Од божји нишан не се бега. Замина една од најголемите звезди во Македонија. Човекот кому зборовите беа негови играчки и кој ги создаваше најубавите љубовни стихови. Отиде тивко и мистично, онака како што живееше. Владо фала ти за сите концерти, заљубувања и разочарувања со твоите песни .Што и да е ќе помине, едни нема ни да трепнат, на други може ќе им биде жал..