На средбата, како што соопшти ДУИ, се разговарало за предизвиците на Македонија и регионот, а австрискиот премиер ја истакнал големата поддршка од Австрија за евроатланската интеграција на Македонија и за потребата од понатамошни реформи.

-Австрискиот премиер се враќа во Скопје за да ни даде поддршка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех – евроатланската интеграција, изјавил Ахмети.

Тој се заблагодарил за искажаната поддршка и ветил дека ДУИ со посветеност ќе работи за реализација на договорот и за понатамошно реформирање на општеството.