Катица Јанева е прв обвинител досега во земјава кој е во притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба. Тоа е нешто што беше незамисливо во времето на владеењето на ВМРО-ДПМЕ, кога голем дел од судиите и обвинителите кои беа во директна спрега со режимот на Никола Груевски, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Вели дека денес наместо неправда, има правда за сите.
Случајот „Рекет“ и заминувањето на Катица Јанева од челната позиција во СЈО не ги амнестира од кривична одговорност поранешните носители на високи државни функции за сите криминали и злоупотреби што произлегоа од снимките од масовното прислушување. Сите тие случаи мора да продолжат да се процесуираат и да добијат судска разврска за да има правда.Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво“, вели Костадинов.
Тој вели дека секој за кој ќе се докаже дека постапувал незаконски ќе одговара.
Comments are closed for this post.