Сиљановска сака да стане врховен командант на вооружените сили, а не го знае бројот на војници во Армијата, што е крајно неодговорно, несериозно и големо незнаење на тема директно поврзана со безбедноста на државата, изјави порпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, Северна Македонија не смее да си дозволи да има врховен командант на војската, кој нема основни познавања, клучни за безбедноста.

Таквото непознавање може негативно да влијае врз безбедноста на државата и нејзините граѓани. Сиљановска не е достојна за да ја извршува функцијата за која се кандидира. Затоа, во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај, граѓаните ќе одберат виситински претседател, вистински врховен командант на кого армијата и македонските војници ќе му бидат во фокусот. Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за вистински претседател на државата и врховен команданр на Армијата, рече Костадинов.