Изминативе два дена Зоран Заев не даде никаков одговор, на кој начин и врз основа на кој критериум ќе ги спроведува масовните отпуштања и бркање од работа од јавниот сектор, рече на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Во изминативе две години политиките на Зоран Заев, Владата и нивните 28 министри доведоа до тоакако што потенцираше Ѓорчев, Македонија да има историски најмногу јавна администрација 150.000 луѓе.

„Фрапантна администрација од 150.000 луѓе како последица на 20.000 нови вработувања од кадровските списоци на СДСМ. Значи кадровските списоци на СДСМ донесоа граѓаните на Македонија, народот преку даноци и економијата да плаќаат 20.000 нови партиски војници. И да дојдеме до фрапантна и невидена досега бројка од 150.000 луѓе во јавниот сектор“, вели Ѓорчев.

Откако буквално ја преполни јавната администрација со 5 луѓе во една канцеларија, заради вработување на своите партиски војници преку принципот на Мира Дизел, Зоран Заев сега најавува масовни отпуштања од јавниот сектор, вели Ѓорчев.

Ѓорчев прашува врз кои критериумите ќе се отпуштаат административците и  дали тоа значи дека на отстрел ќе бидат професионалците, дека непослушниците ќе бидат на црна листа на СДСМ, во која што било кој ќе се дрзне да им се замери на било кој начин или да не им се допадне ќе биде санкциониран.