Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека нема никаков скандал со местење на тендер во М-НАВ.

„Сите тендерски постапки завршиле во 2016 година, но некој одлучил до 2018 година да не го потпишува договорот и со тоа да ја загрози безбедноста на македонското небо, секако и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Костадинов. 

Тој вели дека  Леонардо е сериозна државна компанија од Италија и дека целата процедура била под надзор на ЕБОР.

Тој прашува:

„Каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент – дали овој разговор се објавува за да ги покрие криминалите на Јанушев и Јанакиески? Дали некој намерно не се потпишувал договорот, свесно загрозувајќи ја безбедноста, само во обид да предизвика проблем на сегашната Влада? Зошто три дена после состанокот од кој потекнува и снимениот разговор Климент Чепуњовски заминал на пат за Русија? Овие и други прашања ќе треба засегнатите да одговорат пред јавноста но и пред судските органи“.