Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок усвои нова мерка со која предлага 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на коронавирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.