Градоначалникот на Град Скопје во заминување Петре Шилегов два дена пред гласањето во првиот круг, среде изборна кампања, склучил договор со кафеани и Градот Скопје.

Рамковната спогодба е објавена на страницата за Јавни набавки и таму стои дека Град Скопје за склучил договор за угостителски услуги на 15 октомври, два дена пред првиот круг од изборите чија важност почнува од денес. Договорот е склучен со три угостителски субјекти, во вредност од околу 2 милиони денари, или 32.000 евра, пренесува Вечер.

Која е потребата среде на два дена пред избори три угостителски субјекти да добијат народни пари, е нејасно. Дали станува збор за предизборен поткуп или награда, и тоа допрва треба да се одговори.

Според Шилегов истото не е поврзано со изборите, иако е во изборна кампања.

Тој на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање рече дека морало да има континуитет во работењето.

Секоја институција во работењето мора да има континуитет независно од тоа кои се процесите кои се одвиваат. Овие спогодби не значи дека ќе се искористат, но градот треба да ја има можноста за делегации, рече тој.

Шилегов вели дека градот имал меѓународна соработка со различни градови.