Денеска во македонското собрание се оствари средба помеѓу претседателите на партиите ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски и Алијанса на Албанците Зијадин Села.

На средбата се разговараше за анализа на изборните резултати од првиот изборен круг, и беше реафирмирана соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг.

На средбата е посочено дека потребни се промени и нова иднина која ја очекуваат граѓаните, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.