Грчкото Министерство за надворешни работи реагирало со писмо во кое бара „адекватно објаснување од македонската Влада на што мислел нејзиниот претставник“, пишува порталот „real greek“, повикувајќи се на државната телевизија „ANT1“.

Фото Пресинг ТВ

Порталот наведува дека по барањето на партијата „Виножито“ за изучување на македонски јазик во училиштата и богослужба на македонски во црквите, сега се зборува за малцински села во северна Грција, „додека  портпаролот на Заев вели дека некои во Грција зборуваат друг јазик“.

Според порталот, портпаролот Миле Бошњаковски бил „испровоциран да го признае јазикот што го поврзува Скопје со таканаречените Македонци од Егејот“, но бил неуспешен во одговорот дека  „во Грција има одредена група на население кое не зборува грчки јазик, туку зборува друг јазик, но не е наше да детерминираме кој и на каков јазик зборува“.

Портпаролот на владата вчера на прес конференција нагласи дека во Северна Грција постојат луѓе што се декларираат како Македонци и зворуваат грчки јазик.

Ние како влада нема да навлегуваме во самоопределбата и личната персонална идентификација на некоја етничка заедница. Тоа е утврдено со повелбата за основни човекови права и тука нема никаква дилема. Никој не може да одреди што сме, тоа е индивидуално чуство. Димитров мисли на етнички јазик кои зборуваат на грчки јазик а се чуствуваат Македонци.

 

Не сме ние кои ќе детерминираме кој на каков јазик ќе зобрува бидејќи тоа ќе биде мешање во внатрешни работи на друга држава-објасни Бошњаковски.

„Двe нешта ја мачат Атина, прво што господинот Бошњаковски вели дека некои луѓе не зборуваат грчки во Грција, кога вели дека нема да го именува јазикот.

И второ, неговата позиција дека нема да се меша во самоопределувањето на некои општествени групи во Грција“, пишува real.gr.