Министерот Димитров го потенцираше член 7 од Договорот од Преспа. Во тој член јасно е наведено дека користењето на терминот „Македонија“ и „Македонци“ има посебност за нас и посебност за Грција и нејзините граѓани, објасни денеска портаролот Миле Бошњаковски.

 Во Република Грција постојат етнички Грци кои зборуваат на грчки јазик и кои се сметаат дека се дел од хеленската цивилизација и се декларираат како Македонци. Тоа е тоа што го кажа Димитров. Исто така член седум кажува дека јас сум етнички Македонец со словенско потекло и зборувам македонски јазик.

Во Северна Грција постојат луѓе што се декларираат како Македонци и зборуваат на грчки јазик. Ние како влада нема да навлегуваме во самоопределбата и личната персонална идентификација на некоја етничка заедница. Тоа е утврдено со повелбата за основни човекови права и тука нема никаква дилема. Никој не може да одреди што сме, тоа е индивидуално чуство. Димитров мисли на етнички јазик кои зборуваат на грчки јазик а се чустуваат Македонци.

Не сме ние кои ќе детерминираме кој на каков јазик ќе зобрува бидејќи тоа ќе биде мешање во внатрешни работи на друга држава-објасни Бошњаковски.